Со намалени средства за околу 30%, здравствените установи како и најголемата институција во која се опслужуваат граѓаните од целата држава Клиничкиот центар, ќе крахираат и ќе се доведат во стечајна состојба, ги коментираат лекарите од здравствените установи новините според кои во буџетот за 2006-та година е предвидено намалување на средствата за здравствените институции во земјава.
„Ние треба да дојдеме до друг принцип на функционирање на здравството, односно, секоја услуга да си има своја цена. На овој начин сметам дека преминуваме во транзиција кон тој систем, но со недефинирани влезни и излезни елементи,“
вели професор доктор Ѓорѓи Оровчанец. Вработените во здравствените установи проценуваат дека поради намалените средства во буџетот тие ќе мора да враќаат дел од пациентите, односно на бесплатните листи за лекување ќе може да се ослужат минимален дел од болните лица и тоа само додека во болниците има доволно средства. Доктор Тихомир Крцковски, потенцира дека кризите и лошата состојба на здравството во земјава, ќе се продлабочуваат доколку во скоро време не биде донесена Национална стратегија за здравството во која ќе се утврдат приоритетите за средување на состојбите.
„Народната приказна ја знаете – колку пари толку музија. Националната стратегија треба да покаже што може да му се пружи на народот, а другото ќе биде со доплата. Националната стратегија исто ќе покаже и колку доктори се потребни. Не нуди ништо развојно,“
изјавува Крцковски.
Поголемиот дел од граѓаните потенцираат дека како редовни партиципенти во Фондот за здравство имаат право на бесплатно лекување. Речиси и да нема граѓанин без забелешки на работата на здравствените установи:
„Имам проблеми со здравјето веќе 10 години и може да ви кажам дека здравството ни е за никаде.“
„После шест месеци ти закажуваат, а тебе на пример ти е итно.“
Примената на ваквото буџетско финасирање во кое се скусени 2,5 милиони евра за здравствените институции во државава, започнува по 1 јануари 2006-та година.