Бројот на сиромашните во Македонија е во постојан пораст, податок кој доаѓа не само од домашната статистика. Економски, Македонија е на последното место, според последниот извештај на Европската банка за обнова и развој, во кој се дава проценка, дека македонската економија ќе расте најбавно во регионот.
Еден од тројца во државата е сиромашен. Кој е излезот? Сиромаштијата е тесно поврзана со невработеноста, вели Сандра Блумекап, од Светската банка:
„Во Македонија невработеноста е голема, економијата треба да почне да расте, инвеститорите да почнат да инвестираат, малите и средни претпријатија да зајакнат.“
Според професорот Трајко Славески, во Македонија сепак, најсиромашни се лицата со ниско образование:
„Инвестициите во образованието во исто време значат, дека им се овозможува на семејствата да можат да заработуваат повеќе доход со што имаат поголема веројатност да излезат од сиромаштијата. Сите мерки на државата кои што се насочени кон зголемување на стапката на раст, која што би морала да биде минимум 5% исто така се очекува дека може да ја намали стапката на сиромаштија.“
Тешко се живее велат и самите граѓани:
„Знаете, кој како ќе се снајде. Но, мнозинството не се снаоѓаат, бидејќи нема услови.“
„Апсолутно тешко е, скоро цела Македонија е невработена, живееме од пензиите на родителите.“
„Нема ништо, се пропаѓа.“
Освен раст на економијата за да се собори 38% невработеност и стапката на 30% сиромашни, на државава и требаат и пакет на социјални и други мерки, вели професорот Славески:
„Во 2002 година, тогашната Влада преку Министерството за финансии остави документ кој што требаше само да се операционализира, а тоа беше Национална стратегија за борба или за намалување на сиромаштијата во Македонија, но факт е дека во изминатиов период на ова прашање многу му се посветуваше внимание и не е случајно покрај овие фактори како последиците од 2001-та година, што ние наместо да ја намалуваме сиромаштијата, се соочивме со нејзино зголемување.“