Достапни линкови

Експертите дискутираат за глобалното затоплување


Во Монтреал денеска почнува 12 дневна конференција за климатските промени на која владини преставници и експерти од 190 земји ќе дискутираат за глобалното затоплување. Станува збор како да се смени Кјото Протоколот од 1997 на кој денеска се гледа како на мал чекор во однос на растечката емисија на штетните гасови од индустријата и автомобилите. Научниците во меѓувреме потврдуваат дека мразот од арктичките поларни капи се повлекува побргу од кога било досега.

Некои од учесниците на конференцијата велат дека ќе ги искористат последните податоци за топењето на арктичкиот мраз за да ургираат за преземање поголеми напори против глобалното затоплување од страна на Соединетите Држави и земјите со забрзан развој како Кина и Индија. Во 2001 птретседателот Џорџ Буш се повлече од Пртоколот во Кјото велејки дека е прескап и погрешен затоа што во него не се вклучени овие држави. Но оттогаш растат доказите за глобалното пустошење од порастот на морињата и топењето на поларниот мраз, кој според американскитот центар Ијс Дата е на најниско ниво во последните 100 години. Според пронајдоците сублимирани во извештај на 250 експерти Арктичкиот мраз може и да го снема во следниве 100 години. Бил Шамдеис главниот научник на Американскиот одбранбен фонд за животна средина е меѓу тие кои сметаат дека топењето на поларниот мраз може да предизвика големи светски пореметувања.

„Доказите кои ги гледаме во однос на ураганите и глобалното затоплување со тоа што се случува на Арктикот со топењето на мразот се два факти дека глобалното затоплување се случува. И тоа побргу од колку што милиме. Навистина треба да станеме сериозни и да направиме вистински промени со цел да ги пресретнеме непредвидливите и несреќните ефекти.“

Боб Корел од американското Метереолошко друштво пак, вели дека неразбирањето од ефектите на глобалното затоплување се причина ова прашање да не стане приоритет на светските лидери:

„Топењето на арктичкиот мраз посебно глациерите и мразот на Гренладот ќе предизвика покачување на нивото на морињата. Ние очекуваме за 100 години нивото да порасне за метар. Тоа ќе предзивика импликации на целата планета. Не станува збор само за загубата на поларните мечки туку за проблем на целата планета.“

Сепак, не сите се убедени во поврзаноста на глобалното затоплување и силните урагани. Бонер Коен од Вашингтонскиот центар за јавни истражувања вели дека тоа е природен заклучок но и оти е потребна научна истрага. Според него, Протоколот од Кјото кој е дизајниран да ја регулира емисијата на штетни гасови во развиените земји има цел цел рестрикција на американската економија. Меѓутоа, неколку медиа набљудувачи на интерент предупредија на неговиот кредибилитет. Тој порано пишувал како независен за здравствени прашања за весник за кој се смета дека добивал пари од Компанија за тутун. Како и да е сега се се бара алтернатива на протоколот од Кјото.
XS
SM
MD
LG