Од Обединетите Нации кои се организатори на Светскиот самит за Информатичкото општество велат дека главното прашање е околу тоа кој во иднина да управува со интернетот.
„Постои Декларација за принципите која е фокусирана врз големите прашања што би требало да бидат рамка за развојот на информатичкото општетство. Таа е еден од начините да се дојде до акционен план со кој светот до две илјади и дванаесетата година целосно би бил поврзан преку Интернет. Овој самит треба да ги посочи конкретните патишта за
достигнување на таа цел.“
Вели портпаролката на Самитот Франсин Ламберт, додавајќи дека во планот се посочуваат двата главни принципа во таквото поврзување на светот: слободата на изразување и заштитата на човековите права во сајбер просторот. Тука спаѓа и создавањето на еднакви можности во светот за пристап на луѓето во интернетот. Непосредно пред самитот во Тунис невладината организација Репортери без граници соопшти дека уште многу треба да се стори за да бидат постигнати овие принципи. Жил Пеин кој е шеф на групата за слободата на Интернетот вели дека најголемата опасност по човековите права во интернет просторот доаѓа од владите.
„Најрепресивните режими, во однос на слободата на печатот, се обидуваат да го контролираат интернетот. Тоа е случај со Кина. Тоа е случај со Иран. Секој диктатор во светот сега се обидува да го шпионира и да го исчисти сајбер просторот од дисидентите и нивните пораки.,,
Вели Пеин, прецизирајќи дека во листата на непријателите на интернет се нашле и Белорусија, Туркменистан, Узбекистан, Куба, Северна Кореа.
„Во основа постојат две солуции за контрола на интернетот. Првата е онаа кинеската. Купувате многу опрема за контрола на интернетот, но во исто време се обидувате и да го развиете овој нов медиум, бидејќи економски е многу корисен. Втората солуција е кубанската и севернокорејската. Не им дозволувате на луѓето да дојдат до интернет.“
Наведува Пеин, додавајќи дека овој начин го применуваат и Туркменистан и Узбекистан.