Достапни линкови

Македонија ќе спроведе ,,скандинавски избори,, и ќе продолжи со реформите, изјави Бучковски


Владините коалициони партнери, СДСМ, ДУИ и ЛДП не ја исклучуваат можноста од предвремени парламентарни избори, но за тоа како што изјави премиерот Бучковски ќе се разговара во јануари, откако ќе биде донесено новото изборно законодавство:

„Коалиционите партнери напротив не притискаат, туку дел од медиумите вадејќи ги од контекст нивните изјави, испадна дека коалиционите партнери се многу позаинтересирани за предвремени избори, освен за приоритетите на Македонија. Потврдите кои денеска стигнуваат и од претставниците на меѓународната заедница ни упатуваат јасна порака, авантура е за Република Македонија во овој момент да се разговара КОГА ќе бидат изборите, за Македонија треба да биде јасно зацртана траекторија КАКВИ ќе бидат изборите. Ние сме подготвени да организираме скандинавски избори, за тоа ќе ни треба подршка и од опозицијата, од јавноста, но и од меѓународната заедница.“

Бучковски, Ахмети и Пенов ги договориле приоритетните работи на чија имплементација ќе работат наредниве два месеци:

„Во мислењето на Европската Комисија има наведено четири приоритети кои ние како владеачка коалиција сме подготвени до крајот на годината да ги реализираме. Покрај измените на Уставот, тоа е донесувањето на пакетот на закони, треба да има, за ваша информација измени во 17 закони, кои треба да овозможат имплементација на едношалтерскиот систем од 1 јануари оваа година. Третиот приоритет е да го донесеме законот за полицијата, тој е исклучително битен и заради имплементација на дел од одредбите од Рамковниот договор, но и воопшто за зацвртување на реформските процеси. И четвритиот приоритет прземаме обврска, на оваа средба беше тоа дефинирано и упатувам јавен повик и до опозицијата, заеднички до средината на јануари да ги донесеме измените на изборното законодавство притоа прифаќајќи ги препораките на ОДИХР, на ОБСЕ, но од друга страна имајќи в предвид што е наше искуство и кои беа нашите мани во изминатите 15 години. Македонија веќе нема луксуз да организира македонски избори. Македонија мора да организира скандинавски избори.“

На средбата на коалиционите партнери станало збор и за евентуалната реконструкција на Владата, но тоа, како што изјави премиерот, ќе се случи откако ќе се добие одговорот на Европската Комисија за статусот земја кандидат за членство во Европската Унија на 15 декември.
XS
SM
MD
LG