Достапни линкови

Опозицијата - ЗА, владеачката СДСМ – против


Предвремени парламентарни избори на пролет, бара опозцијата откако Македонија доби позитивно мислење од Европската Комисија за добивање статус на земја кандидат. Мора да докажеме пред меѓународната зедница дека можеме да организираме фер и демократски избори, во согласност со меѓународните стандарди, велат опозициските партии:

„Тоа го бараме затоа што ние сега влегуваме во процес, особено по самитот на ЕУ во декември, влегуваме во една фаза на по засилена предизборна кампања. Нашата цел е дека ние треба да го скратиме тој процес, кој што нема да биде многу продуктивен, односно да ги поместиме редовните избори до пролета 2006-та година, со што би имале еден почист терен за да се зафатиме со работа, мислам да се фатат со работа оние политички субјекти кои ќе ја добијат довербата на граѓаните. Да се фатат со работа за исполнување на задачите што ЕК ги има наведено како ургентни во своето мислење.“

изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Трајко Славевски. Со слично мислење и барање и албанските опозициски партии ПДП и ДПА:

„Ако сакаме што побргу да почнат разговорите, мислам дека Македонија треба да докаже дека може да организира фер и демократски избори“

„Кога една земја нема политички и демократски легитимитет во сите нејзини институции, само по себе се отвара ова прашање и потреба за предвремени парламентарни избори.“


велат лидерите на ПДП и ДПА, Абдулади Вејсели и Арбен Џафери.
На идејата за предвремени избори засега се спротивставува единствено владеачката СДСМ:

„Значи во даден момент на нас навистина не ни се потребни избори сега, туку треба да си се одржат според редовниот термин, значи догодина ова време, и дотогаш овој состав на Парламентот да си ги сработи обврските што ги има преземено“.

изјави пратеникот од СДСМ Иван Атанасовски. За разлика од нив коалициониот партнер ДУИ, иако смета дека нема потреба од предвремени парламентарни избори велат, ако сакаат ние сме подготвени:

„Предвремени парламентарни избори се распишуваат во земја каде има политичка криза, ние не се наоѓаме во таква ситуација, но ние сме подготвени да прифатиме и предвремени избори и за нас нема никаков проблем.“

рече лидерот на ДУИ Али Ахмети.
XS
SM
MD
LG