Достапни линкови

Владата најавува продложување на реформите, опозицијата со подршка, но и критики


Претставниците на државниот врв по добивањето на позитивното мислење и препораката на Македонија да и се додели статус на кандидат за членство во ЕУ, истакнуваат, сега останува само прашањето, кога земјата ќе се стане членка на Унијата:

„Република Македонија е подготвена да ја преземе својата историска одговорност и целосно да се прилагоди на европските стандарди. Со што ќе го даде и својот мал, но значаен придонес за европскиот просперитет на целиот регион. Оваа наша заложба денес ни ги отвара вратите кон остварувањето на стратешката цел – членство во ЕУ“

изјави премиерот Владо Бучковски кој додаде дека Владата интензивно работи на спроведувањето на реформите и побара подршка од сите потенцијали во земјава, партиски и индивидуални. Европската Унија со ова мислење даде важна порака за Македонија и регионот воопшто:

„Европската Комисија преку ова објективно мислење за состојбите и реформите во Р Македонија и даде и на нашата држава и на целиот регион, важна порака, европската трансформација е можна и зависи од нас“

„Десет годишното партнерство меѓу Македонија и Унијата, денес добива нов квалитет. Тоа е едновремено и признание за придонесот на Македонија како стабилна и функционална демократија во мултиетничко општество, кон стабилноста и просперитетот на нашиот регион.“

изјавија Вицепремиерот за европски интеграции Радмила Шеќеринска и министерот за надворешни работи Илинка Митрева.
Датумот за почнување на преговорите, не е прецизиран, а во мислењето на Унијата има и забелешки за реформите во некои области како полиција, судство, корупција, изборно законодавство и сл.
Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Ерван Фуере порача, на Македонија не треба да и биде опсесија датумот за почеток на преговорите, таа треба да ги спроведува реформите, а оценките за тоа ќе бидат истакнати во извештајот на Унијата што ќе се објави октомври 2006-та година:

„Одлуката за ова зависи многу од брзината со која ќе се имплементираат реформите.“

изјави амбасадорот Фуере.
По добивањето на мислењето реакции од опозициските партии.
Задоволство од Европската одлука, но забелешки до власта:

„Доколку наместо тесно партиските интереси, ги организираше претседателските избори, локалните избори и референдумот во согласност со правилата на Европската Унија, доколку се откажеше од намерата за партизација на администрацијата и злоупотреба на судството, тогаш без сомнение ќе имавме поголеми шанси за го добиеме и датумот за почетокот на преговорите.“

изјави Гордана Јанкуловска од ВМРО ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG