Достапни линкови

Тешката економска состојба меѓу главните фактори за намалување на наталитетот


Во изминатите десет години драстично е намален бројот на ученици. Бројот на запишани ученици во прво одделение во оваа година во однос на 1995- та бележи опаѓање од речиси 22%. Ова се податоците од анализата за дејноста на основното и образование спроведена од ресорното министерство. Повеќето родители вината за намалениот наталитет ја гледаат во тешката економска состојба, но и во желбата за професионална кариера која не остава време за одгледување на повеќе деца.

„За да се одгледа дете, јас имам едно детенце, навистина обврските се многу големи, меѓутоа финансиската состојба не дозволува да ги задоволиме основните потреби, а не пак нешто повеќе да се направи, бидејќи веќе ништо не е бесплатно како порано.“

И психолозите го истакнуваат економскиот фактор како главен виновник за намалениот наталитет, но тука се вбројуваат и факторот себичност, но и денешните сфаќања дека не е модерно да се има повеќе од едно дете:

„Станува тренд да не се размислува за потомство. Зошто да се има дете, како што велат младите, ако неможам да му дадам се што треба да му се даде. Тоа е уште подрастично.“

Намалувањето на бројот на паралелки и ученици е најизразено во оваа година во однос на претходната, односно изнесува 5650 ученици помалку. Во помалите општини намалувањето е најдрастично, поради што повеќе подрачни училишта престанаа да работат:

„Ако претходно бројот бил 20 ученици, тогаш годинава бројот е многу намален. Односно конкретно овде е 13 ученици“.

Вели една учителка од општина Босилово.
Психолозите објаснуваат дека е тешко да се влијае на брачниот пар да ја промени одлуката за имање на само едно дете.

„Тие убедувања се веќе зацврстени и тешко дека ќе се реши тоа, затоа што реално велат како да живеам со моите родители, или доколку не се вработени. Тогаш и родителите односно бабата и дедото, се мешаат, па настанува дисхармонија во воспитувањето на детето, се создава една напнатата атмосфера. Тој диспаритет во однос на воспитувањето ги прави младите родители да се неодлучни.“

Заклучува Ололовска според која ваквиот негативен тренд во земјата продолжува.
XS
SM
MD
LG