Достапни линкови

Македонија ќе бара лобисти меѓу сите земји членки на Унијата


Освен исполнувањето на европските стандарди во евроатлантскиот процес на Македонија, важна е и поддршката што од другите земји. Природно би било Грција да ја поддржува Македонија на патот кон НАТО и Европската унија, но поради проблемот со името тоа не е можно, оценуваат поранешните дипломати. Според нив тоа значи дека друга земја треба да биде промотор на Македонија, но таа треба да биде убедена дека државава прави се за да ги постигне европските стандарди.

„Немам големи надежи дека оваа актуелна дипломатија, во таа насока може да направи нешто. Од проста причина што треба време. За еден спонзор да ,,се одгледа,, треба три четири години, треба обработка и тоа се игра на три на пет, па потоа се одбира. Не е така од небо падната, Австрија спонзор за Хрватска. Се знае дека Хрватска беше една покраина во автроунгарската империја, како што ние бевме во турската. И тоа се знае дека Хрватска прво ,,играше,, на Италија, а потоа со Австрија.“

вели Љубиша Георгиевски поранешен македонски амабасадор во Бугарија. Според Зоран Крстевски поранешен вицепремиер за евроинтеграции најважен фактор се бизнис релациите со една земја, а тоа секогаш е поврзано со големите инвестиции во секторите како телекомуникации, електросистемот. Значи на една земја и треба да има причина да ја поддржува Македонија. Крстевски со и конкретен предлог кои би можело да бидат тие земји.

„Или Италија или Германија, тоа се реални врски во кои Македонија реално подолго време вложува. Италија и заради интерес на старите трационални врски и интересот за енергетско поврзување, бидејќи главниот пат за поврзувањето на Блискот и Средниот Исток со енергија од Русија, води низ Македонија. Тие се некои комперативни начини кои Македонија треба да ги реши, Коридорот 8 и Коридорот 10.“

За разлика од Хрватска која доби поддршка од Австрија во периодот кога очекуваше одговор за тоа кога ке започнат преговорите за членство во унијата, потоа српските медиуми кои што јавуваа дека можни лобисти за Србија и Црна Гора во Унијата се Словенија, Италија и Грција, македонската дипломатија стратешки партнер гледа во сите земји членки.

„Република Македонија во контакти со земјите членки на Европската Унија, се обидува да добие подршка од што поголем број на земји членки на ЕУ. Нема конретен број, односно стратешки партнер Македонија гледа во сите земји членки.“

изјави Татјана Лопарски од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски кој е еден од креаторите на надворешната политика.
XS
SM
MD
LG