Достапни линкови

Лилјана Поповска подготвена да биде дел од сериозна групација, Тито Петковски без коментар


Во Македонија има потреба од формирање нова политичка партија, тоа го покажуваат и анкетите според кои голем е процентото на неопредлни граѓани, вели Лилјана Поповска од ЛДП, по најавата на Трифун Костовски дека ќе формира партија. Скопскиот градоначлник изјави оти Тито Петковски од СДСМ и Лилјана Поповска од ЛДП би биле добродојдени во редовите на неговата партиа но дека со нив се уште не било разговарано.

Поповска, како што вели, за Радио Слободна Европа е подготвена да биде дел од некоја сериозна групација која ќе работи за доброто на Македонија

,,Во Македонија има потреба од нови политички субјекти и дека е тоа така покажуваат големиот број неопределени граѓани. Јас лично сакам да бидам ефективна во политиката и да работам и понатаму, а за тоа е потребно да се биде дел од ефикасна група. Јас сум заинтересирана да бидам дел од сериозна групација со добра програма и кја би размислувала сериозно за иднината на Македонија.”

изјави Лилјана Поповска која исто така потврдува дека не разговарала со Трифун Костовски во врска со неговата идеа за формирање нова партија.

За разлика од Поповска Тито Петковски е воздржан и не сака сеуште јавно да говори за идеата на Костовски да формира Партија. Изјавата на Костовски за Слободна Европа, Петковски ја оцени како коректна но не сакаше да ја коментира. А, еве што изјави во неделното интервју за Радио Слободна Европа скопскиот градоначалник Трифун Костовски кој има желба да ги види во своите редови Поповска и Петковски:

,,Во моментов не е ниту разговарано со споменатите особи и навистина доколку се формира таа партија и доколку некои од тие личности се приклучат се добредојдени, но апсолутно со нив не е разговарано на таа тема, дека треба да се прави политичка партија.”

вели Костовски.
XS
SM
MD
LG