Разговорите за влез на Турција во Европската Унија ќе почнат и покрај вчерашното одлагање на Европскиот парламент во Стразбур да ја ратификува царинската унија меѓу двете страни. Тоа, како што е познато, еден од важните чекори кои водат до членство на една земја во Европската Унија. Повеќето евро пратеници сакаа одлагање на гласањето поради тоа што Турција одбива да го признае Кипар кој веќе е членка на Унијата. Ова прашање, според европските лидери, траб да биде решено пред Турција да влезе во Унијата. Впрочем тоа е еден од условите таа да се најде во европското семејство. Даглас Александер, од британското министерство за надворешни работи, говорејќи воп името на британското претседателство на Унијата, вели дека има уште многу време за решавање на проблемот, со оглед на тоа што не се очекува Турција да стане членка наскоро.
„Турција нема да и се приклучи на Унијата во скорашно време. Мора пред тоа да бидат отворени и затворени триесет и пет поглавија: ќе бидат побарани натамошни реформи. Некои земји веќе најавија референдуми за турското влегување во Европската Унија. И доколку Турција по сето ова се најде во Унијата, тогаш таа ќе биде сосема поразлична Турција од оваа денешната. Тогаш можеби е Европската Унија ќе биде поразлична.“
Изјави Александер. Европскиот парламент претходно изгласа резолуција во која се бара од Турција да признае дека убивањето на ерменците за време на Отоманската империја во почетокот на минатиот век, било геноцид. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган веднаш ја отфрли резолуцијата. Тој повтори дека Унијата треба да ја прими Турција, бидејќи во спротивно ризикува да стане христијански клуб. ,,Со приемот на Турција, таа ќе стане мост меѓу милијарда ипол луѓе од муслиманскиот свет и Европската Унија. На таков начин пак, ќе се востанови сојуз на цивилизации,, рече Ердоган. Расправата за Турција во европарламентот доведе и до различни мислења во врска со тоа кога Брисел треба да ги започне преговорите за членство на Хрвтска во Унијата. Лидерот на најголемата конзервативна група Ханс Георг Потеринг ја повика Британија, која е претседавач со Унијата веќе да не го одлага стартот на овие преговори.
„Ние знаме каква е ситуацијата со човековите права во Турција и каква е таа во Хрватска. Ја одбивате Хрватска поради тоа што не може да го израча генерал Готовина, додека ги затворате очите за она што се случува во Турција. “
Ова предизвика реакција од социјалистичката пратеничка група:
„Кога Европската Унија не е подготвена да ја прифати Турција, тогаш не е подготвена ни за Хрватска. Јасно мора да кажете дека вашата политика е да не се прима Турција поради тоа што е исламска земја, за разлика од Хрватска која е католичка и конзервативна.“
Изјави лидерот на социјалистите во европсдкиот парламент Мартин Шулц.