Достапни линкови

Расправа за доверба на владата на Бучковски


По втор пат пратениците од овој состав на Собранието расправаат за довербата на владата. Првиот беше кога со владата раководеше Хари Костов и сега кога на чело на владата е Владо Бучковски.
ВМРО Народна која воедно е иницијатор на оваа седница ке ги нападне сите владини министри поединечно бидејќи секој од нив сноси одговорност за вакавата катастрофална состојба во која се наоѓа државата

„Сеопштата криза, колапсот во сите области на живеење, почнувајќи од економијата, безбедносната политика, надворешната политика односно евроатлантските интеграции... Се што е во надлежност на Владата не функционира како што треба“

вели координаторот на пратеничката група на ВМРО Народна Чедомир Кралевски. Со слично мислење се и во ВМРО ДПМНЕ .

„Од сите нешта кои што беа ветени, сега се добива впечаток дека тоа беше само листа на новогодишни желби на премиерот. Денешната седница ќе се обидеме да ја искористиме да и укажеме на Владата дека неможе со празни зборови да се влезе ниту во НАТО, ниту во ЕУ, туку треба вистински да се работи“

изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Силвана Бонева.
Во Либералната Партија иако посакуваат на владата да и се изгласа недоверба, сепак сметаат дека тоа тешко ќе се случи:

„Нашиот став е Владата лошо работи и добро би било да се изгласа недовера, иако знаеме дека тоа нема да се случи“

Од владеачката партија пак, велат дека со аргументи ќе одговорат на сите обвинувања од опозициските пратеници:

„Со аргументи ќе кажеме дека Владата во изминатиов период направила многу нешта со што значајно е подобрена ситуацијата во поголем дел од областите на општественото живеење“.

вели пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова. Инаку според претходниот договор на пратеничките групи предност ќе имаат опозициските пратеници. На нивни два говорника, ќе одговара еден од владеачките.. Тајмингот за дискусија за сите е ограничен на 20 минути. Последни на говорница ќе се јават лидерите на опозицијата Стојан Андов, Никола Груевски и Лубчо Георгиевски за кои се резервирани по 40 минути, по што следи завршното обраќање на премиерот Владо Бучковски. Според деловникот, кога Собранието гласа за недоверба на Владата, седницата треба да заврши до полноќ, а Владата ја губи довербата ако за тоа се изјаснат 61 пратеник.
XS
SM
MD
LG