Достапни линкови

Почна јубилејниот самит на ОН


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан го означи почетокот на јубилејниот самит на светската организација што ја одбележува 60-тата годишнина со апел до светските лидери за далекусежна реформска агенда. Тој ги повика лидерите на повеќе од 150 земји да ги остварат ветувањата за борба против сиромаштијата, јакнење на телата за човековите права, воспоставување на демократски фонд и запирање и спротиставување на етничкото чистење.


,,Ги повикувам светските лидери, индивидуално и колективно, да продолжат да работат на реформската агенда и да имаат трпение за задржување на визијата потребна за постигнување вистински консензус.”

Повиците се дел и на документот усвоен од генералното собрание неделава. На самитот во Њујорк се обрати и американскиот претседател Џорџ Буш кој исто така ги повика Обединетите Нации на реформи бидејќи ризикуваат да ја загубат почитта во светот.

,,Ако земјите членки сакаат Обединетите Нации да бидат почитувани и ефективни, треба да бидат сигурни дека ја заслужуваат почитта.”

Буш исто така го повика Советот за безбедност да преземе акција против тероризмот и ги повика сите земји да ги изведат пред правдата сите обвинети за такво насилство. Во исто време американскиот лидер зборуваше за разбирањето на оние кои се мотивирани на тероризам поради тоа што живеат во сиромаштиа и под авторитарни режими. Тој рече дека подобрувањето на економиските услови и ширењето на демократијата ќе го донесе светот на чекор поблиску до мир.
XS
SM
MD
LG