Охридскиот договор не е историски договор како што се обидуваат да го промовираат неговите потписници, но истиот претставува чекор напаред во смисла на колективните права на албанците и останато немакедонско население во државата, вели Руфи Османи поранешен градоначалник на Гостивр, кој поради истакнувањето на албанското знаме пред општината во 1995-та година, заработи кривична пријава, предизвикувајќи ги немилите гостиварски настани по што тој ја тужеше Македонија пред Стразбуршкиот суд за човекови права:
„Овој договор не ја става во исто уставно рамниште позицијата на албанците во однос на македонците, но има напредок во имплементацијата на договорот од правен и практичен апсект, но исто така има и големо заостанување во однос на соодветната застапеност на албанците во државните инстиуции и правичната употреба на албанскиот јазик согласно договорот.“
изјави Османи, кој тригодишната работа на владеачката гарнитура ја оценува негативно. Главните ветувања не се исполнети, вели тој:
„Главно се работи за неисполнување на зацртаните цели од аспект на економскиот развој, борбата против сиромаштијата и зголемувањето на животниот стандард. И не гледам ниту еден аргумент, оваа владеачка гарнитура во преостанатиот дел од мандатот дека ќе ги исполни овие ветувања. Нивните ветувања треба да се разберат како обични предизборни ветувања. Сите макроекономски параметри во однос на останатите земји во транизција зборуваат за лоша перспекитва во Македонија и лично не гледам простор за оптимизам на економски план.“
Во пресрет на очекувањето на мислењето од стана на Европската Комисија за добивањето статус на земја кандидат, Руфи Османи со став:
„Македонската економија и нашата земја се наоаѓа многу далеку од исполнувањето на европските критериуми за интегрирање во ЕУ и НАТО. Останува уште многу работа да се направи посебно во економскиот развој и ова пред се треба да се направи, не поради ЕУ туку заради самите граѓани на Македонија и перспективите на идните генерации.“
Руфи Османи за Слободна Европа вели и дека сеуште нема намера да се врати во политиката. Доколку одлучам да се вратам, со моите луѓе, тогаш тоа ќе го направиме сами и немам намера да се вклучам во ниту една од постоечките партии на албанците во Макеоднија, вели Османи.