Достапни линкови

Едношалтерскиот систем ќе ја подобри бизнис климата во Македонија


Воведувањето на едно шалтерскиот систем е една од мерките предвидени во владината економска програма презентирана во мај годинава. Тоа, како што беше објаснето од владата е еден од начините за воспоставување поволна рамка и амбиент за воспоставување на бизнисот. До сега заинтересираните за регистрација на фирма чекаа околу 40 дена. За регистрација на фирма најчесто се ангажираат адвокатите. Ненад Јаничевиќ, адвокат, вели дека се соочуваат со повеќе проблеми:

„Еден проблем беше поприсутен. Надри писари им приоѓаа на граѓаните, иако неовластени да ги вршат регистрациите, со свои врски користејќи ги претходните вработувања, избегнувајќи ги адвокатите им овозможуваа на граѓаните побрзо доаѓање до документите од регистрационите судови. Мислам дека сега со новиот закон, а и со скратувањето на папирологијата, граѓаните ќе може побрзо и поефикасно да дојдат до своето право.“

Предлог законот за едношалтерски систем е во собраниска процедура. Според најавите примената на системот ќе започне во јануари догодина:

„Деловните субјекти, како постоечки, така и идни, ќе може да се регистрираат преку посета на една институција. Како втора придобивка, е краткиот временски рок за регистрација на трговско друштво. Законот предвидува регистрација најдоцна за пет дена. Државните институции ќе заштедат буџетски средства што денеска непотребно се трошат со мултиплицирањето на администрацијата,“

објаснува Никола Димески, заменик директор на централниот регистрар.
XS
SM
MD
LG