Фирмите што ќе извезуваат македонски производи во земјите на Европската Унија, ќе треба да користат декларација на која ќе пишува, произведено во Поранешна Југословенска Република Македонија, наместо досегашната ознака, произведено во Македонија. Ова е најновата одлука на Европската комисија според која производите треба да содржат етикета на која ќе го пишува името по кое земјата е признаена во ЕУ, НАТО и ОН.
Фирмата за производство на вино „Бовин“, подолго време извезува на европскиот пазар. Одлуката за промена на етикетата, за која раководството не е информирано, според Ѓорѓи Тренев од Бовин ќе ги зголеми економските трошоци на компанијата.
„Досега немавме никакви опструкции од таков вид или ограничувања, ова сега е нешто ново и секако ќе ги зголеми трошоците на производството, пред се на извозно ориентираните фирми затоа што ќе мора да се промени етикетата која се става на производот, а не само етикетите туку и кутиите во кои се става производот ќе мора да се сменат, бидејќи и на нив стои Република Македонија.“
вели Тренев. Тој не ја исклучува можноста и од негативни последици врз потрошувачите во ЕУ, истакнувајќи дека психолошкиот ефект кога на етикетата од производот ќе се прочита претставка, поранешна пред името на некоја земја, може да биде одлучувачка во моментот кога потрошувачот го купува производот:
„Во преговори сме за освојување на нов пазар во Полска и ова сигурно ќе ги поремети нашите планови, затоа што партнерите кои што се во крајната фаза за добивање на сите потребни дозволи за увоз на вино од Македонија, веројатно ќе дознаат за оваа одлука, па ќе ни треба дополнително време.“
изјави Тренев.
Од МНР и претставништвото на Европската Комисија во земјата, засега без реакции за ваквата одлука.