Достапни линкови

Кој ќе биде опфатен со активностите?


Ублажување на последиците од високата стапка на невработеност, е основната цел на Програмата за создавање на работни места. Таа предвидува отварање на нови работни места за кои не е потребна квалификувана работна сила, а предност за вработување имаат лицата кои се невработени повеќе од две години информираат од министерството за труд и социјална политика. Оттаму велат дека оваа програма ги вклучува пред се младите, хендикепираните лица, како и припадниците на етничките малцинства.

„Овие групи се земени предвид земајќи го фактот дека имаат многу мали шанси да најдат работа на нормалниот пазар на труд и тоа се најмногу лицата помлади од 30 години со средни и високо образование без ранотно искуство,“

изјави Македонка Честојнова, портпарол на Министрерството за труд и социјала.

Таа додава дека лицата кои ќе бидат опфатени со овој проект ќе работат шест месеци, со можност за исто толкаво продолжување на нивниот работен ангажман, истите ќе добиваат месечен надомест од најмногу 9000 денари.

„Третата компонента од програмата ќе биде наменета за изработка на индивидуални планови за вработување,“

вели Честојнова

Според Постојаниот претставник на ОН во Македонија, Фроде Мауринг невработеноста е сериозен проблем со кој се соочува нашата држава.

„Во првата фаза од програмата создадовме 1500 работни места, а понатаму се надеваме на поактивна соработка со министерството за труд и социјална политика и агенцијата за вработување како партнери, и сигурен сум дека ќе видиме забрзувачки развој во спроведувањето на овие активни мерки на пазарот на труд”.

изјави Мауринг, потенцирајќи дека потребно е време како и поголеми напори за создавање на нови работни можности за невработените во земјата.

„Потребно е време, за сите овие реформи да се претворат во нови работни места, но истотака не ни нормално за едно општество да има голем број на млади луѓе од 20-29 години кои седат дома и немаат што да прават затоа што немаат работа”.

изјави Мауринг

Од министерството за труд и социјална политика велат дека оваа програма ќе се спроведува преку јавен повик на којшто ќе можат да се пријават сите општини преку кои ќе се реализираат вработувањата. Според последните податоци од агенцијата за вработување во Македонија има 368 408 невработени лица.
XS
SM
MD
LG