Достапни линкови

Топ тема подобрување на економската соработка


Кинескиот министер за надвотрешни работи Ли Џаоксинг денеска престојува во прва официјална посета на Република Македонија. Тој се сретна со министерката за надворешни работо Илинка Митрева која истакна дека една од најважните теми на разговорот била подобровуање на економската соработка меѓу двете земји:

„Примерите како што се учеството на кинески партнери во изграбата на ХЕЦ Козјак и воопшто нивното учество во енегетскиот сектор се најдобар показател за тоа како капиталот на Кина може да го пронајде својот интерес на македонскиот пазар. Заеднички е ставот дека на економската соработка треба уште посилно да се работи и во иднина. Текстилната индустрија, туризмот, користењето на капацитетите на македонските компании кои произведуваат опреми за енергетски системи, заедничкиот настап на трети пазари се темите од економски карактер за кои разговаравме.“

Митрева на средбата уште еднаш го потенцирала ставот дека за Македонија постои само една Република Кина. Двете страни потпишаа и договор за соработка:

„Поточно протокол за соработка меѓу дипломатските архиви на министерствата за надворешни работи на двете држави.“

Токму Џаоксинг пак кој во 1993 година бил преставник на својата земја во Обединетите нации го потпишал комуникето за воспотсвавување на дипломатски односи со Македонија и како што изјави од тој момент сакал да ја посети земјава:

„Иако Кина и Македонија географски се оддалечени, сепак во своите срца македонскиот и кинескиот народ се поврзани.“

Тој додаде дека соработката меѓу двете земји постојано се развива на полето на економијата, културата, образованието јавното здравје и други области:

„Кинеската влада придава особено значење за развојот на односите со Република Македонија. Подготвени сме заеднички да работиме врз основа на принципите на взаемно почитување и натамошно развивање на соработката.“

Покрај со министерската Митрева ,Џаоксинг се сретна и со премиерот Владо Бучковски и со претседателот Бранко Црвенковски, а една од главните теми и на овие средби беше подобруавњето на економската соработка.
XS
SM
MD
LG