За македонската економија исклучително важна е соработката со советникот за финансиски прашања Теодор Вајгел, се согласуваат експертите. Сепак, да се зборува за конкретни резутлати е прерано, вели Ванчо Узунов, професор по економија:
,,Резултатите не може да ги видиме со голо око веднаш, затоа што тоа се контакти, информации, сознанија кои не се гледаат. Не може да оцениме дали има направено нешто или не, сега за сега. Целиот свет практично увезува знаење од други земји каде што го имаат. Така и Македонија, пред се, увезува знаење од странски експерти, како во случајов Теодор Вајгел."
Тој додава дека за македонската економија е важно реномето на Вајгел во светот:
,,Тие се познаваат со големи светски бизнисмени, така што од нив може да се очкува многу."
За Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е и професор на економскиот факултет во Скопје токму имиџот на Вајгел што го наметнува владата е спорен:
,,Мислам дека за краток временски период, владата не може да ги апсорбира и најдобрите препораки на експертите, вклучително и Вајгел. Јавноста не е доволно информирана за соработката со него, па постојат различни мислења во врска со природата на таа соработка, имено дали е експертски консултант или лобист."
Од владата оценуваат дека од соработката со Вајгел до сега Македонија има добиено многу, а уште поголеми резултати се очекуваат во иднина:
,,Вајгел и натаму ќе работи на носење нови брендови во Република Македонија и ќе ја подготвува Македонија на патот кон ЕУ,"
објаснува Марјан Ѓуровски, советник за односи со јавноста на премиерот Бучковски.