Од 1 септември во училиштата ќе се користат нови учебници по историја. Учениците ке се запознаваат со историјата и на другите етнички заедници кој живеат во Македонија. Најмногу полемики предизвика вметнувањето историјата на албанскиот народ. Историчарот Новица Вељановкси смета дека добро што се извршија промени затоа што во учебници досега недостасуваа лекции за етничките заедници. Но, тој има и забелешки кои како што вели може да предизвикаат разединување, а не соединување. Првиот проблем тој го лоцира во тоа што професорите ке можат да избираат кои лекции ке се учат.
,,Се создава ситуација и можност сите да се свртиме кон својата историја.”
Според него проблем преставува различната интерпретација на историјата од страна на албанскиоте и македонските автори .
,,За историјата за анти фашистичката војна. Од албанската заедница има обиди тоа да се карактеризира дека албанскиот народ го оствари своето право, се создаде една држава под менторство на Италија, додека ние тоа го сметаме како окупација. Има разидувања и за илинденскиот период. Затоа што сме биле спротиставени во историјата, некои работи може да се постигнат со отстапки.”
И аналитичарот Исо Руси смета дека измената на историјата е позитивна, но неговиот став е дека сепак нејзе треба да ја пишуваат историчарите, а не како досега тоа да го прават политичарите.
,,Македонската страна ја иритира внесување содржини од историјата на Албанците, а од друга страна Албанците сметаат дека недоволно е присутна во заедничкото договарање албанската историја. Мислам дека на двете страни постои политички мотивирано незадоволство. Затоа, враќањето на историјата на историчарите ќе придонесе за олеснувања.”
Но и Вељановски и Руси се согласуваат дека конфликтот од 2001 година мора да биде внесен во историјата, но не сега. Пред се велат и двајцата мора да се дефинира и на политички план што се случуваше. Ние сеуште не знаеме бидејки фактите , информациите и документите од тој период се недостапни , а се додека нема јасна слика мегу историчарите не може да се пишува историја велат тие, а Вељановски пак потенцира дека по десетина години и тој дел од минатото ке мора да се напише во учебниците.