Достапни линкови

Лекови од позитивната листа во Градски аптеки нема


Граѓаните на кои им се потребни одредени лекови сеуште неможат да ги најдат во градските аптеки. Причината за тоа е доцнењето на доставата на лекови за овој месец. Граѓаните се збунети. Тие велат дека во летниот период аптеките се празни, нема редици за чекање, но затоа пак ги нема и лековите без кои не можеме:

„Ги нема лековите. Така беше и лани. Боледувам од астма, а нема спреј.“
„Немаше, требаше во текот на денот или утре.“
„Барам нешто специфично за бебе, нема во аптека.“
„Нема една недела барам, ама нема, морам приватно да ги купам.“


Задоволни се оние на кои им се потребни само витамини, а тие можат да се најдат во секое време:

„Витамин Ц сега бараат.“
„Б Комплекс земав.“


Од градската аптека велат поради доцнењето на доставата на лекови И минатиот месец, залихи во моментот има, со исклучок на одредени лекови кои најмногу се трошат.

„Залихите на оние за хронична терапија има со исклучок на увозните препарати. Се чувствува недостик на лекови за асматичари и лекови од Крка за повишен крвен притисок,“

вели директорката на Градска аптека Весна Огненоска.

Таа потенцира дека во текот на оваа недела ќе почне доставата на лекови низ сите градски аптеки

Таа додава дека вообичаено во текот на летото е намалена потрошувачката на лекови, а температурните разлики во изминатите неколку дена,не предизвикале зголемена побарувачка на одредени лекови.
XS
SM
MD
LG