Достапни линкови

Колку Македонија е дел од глобалната економија?


Функционирањето на глобалниот економски систем , чиј дел е и економскиот систем на Република Македонија, има влијание и врз нашето стопанство.Степенот на влијание се зголемува со оглед на фактот дека Македонија го интензивира процесот на интеграција со светската економија - ова е дел од одговорот на владата на поставено пратенички прашање за економската состојба во државава. Но, колку всушност Македонија е дел од глобалната економија

„Има одредени глобални текови што се одразуваат на земјата. Не се се одразува на Македонија. Нашето општество е релативно изолирано во однос на капиталните текови и во однос на некои регионални индустрии. Така што, пред се, одговорот е и да и не, во зависност од промените на глобално ниво,“

објаснува Борко Ханџиски, локален економист за Македонија од канцеларијата на Светска банка.

Но влијание врз нас имаат движењата на цената на нафтата на светскиот пазар кои многу директно се одразуваат врз економијата потенцира Ханџиски, затоа што целиот увоз на нафта што ни е потребен автоматски станува поскап, а ние таа суровина мораме да ја увеаземе:

„Други глобални текови исто така влијаат на одредени индустрии. Како на пример, тековите во текстилната индустрија.“

Нашата економија реагира и на мегусебниот однос на светските валути

„Пред се однос евро – долар, тоа директно влијае на Македонија, останатите имаат индиректно влијание, но не големо,“

објаснува Ханџиски и додава дека Македонија во однос на глобалната економија е релативно изолирана земја особено во однос на капиталните текови и на регионалната индустрија

„На Македонија не влијаат движењата на капиталните пазари во Америка, Европа и Јапонија, како и висината на каматните стапки,“

Од аспект на глобализација на индивидуата пак Македонија не е доволана интегрирана ако се земат податоците за бројот на корисници на интернет или пак за патувањата и комуникацијата на нашите граѓани со странство.
XS
SM
MD
LG