Во Македонските институции воздржани се реакциите околу евентуалните последици врз македонско српските односи по затварањето на т.н. охридски архепископ Јован Вранишковски. ,,Ниту едната, ниту другата страна во оваа фаза не би смела верските односи да ги доведува во корелација со политиката,, ова е единствениот став на македонското Министерство за надворешни работи од каде велат дека токму затоа не би го коментирале јавно целиот случај и покрај реакциите кои стигнуваат од Белград дека затварањето на Вранишковски, како што конкретно гласи реакцијата од кабинетот на српскиот премиер Воислав Коштуница ,,ќе влијае врз зголемувањето на тензиите во регионот на кој стабилноста, и взаемното разбирање, му се крајно неопходни.“
Случајот со вчерашното затворање на Вранишковски, иако воздржано накусо го коментираат во Владата. Според владиниот советник за надворешни работи, Мерсел Биљали, ваквото чувстивелно прашање за Македонија не би смеело да наидува на поддршка од било која земја.
„Не би требало да се поддржуваат такви дејствија во Република Македонија кои се многу чувствителни во однос на територијалниот интегритет, самобитноста итн, така што секое влијание од надвор тука може да има само поголеми штети по односите во регионот,“
вели Биљали, кој смета дека досегашните билатерални односи мегу Србија и Црна Гора и Македонија се добри и очекува дека случајот Вранишковски сепак нема драстично да се одрази врз заедничката комуникација.
„Тенденција е Балканот да се отвори и да соработува, но секогаш има настани и појави кои тие процеси знаат да ги запрат, па се надевам дека ова нема драстично да влијае.“
Претставниците на македонската православна црква пак за целиот овој случај сметаат дека на црковно ниво нема да се одрази на полошо, бидејќи како што вели митрополитот Тимотеј, портпарол на МПЦ ,,ионака комуникацијата со Српската православна црква е речиси целосно прикината,,
„Тие не се нарушени, туку се прекинати комплетно. Ако дојде во ваша куќа некој и ви прави паралелна куќа, што може да биде полошо од тоа,“
потенцира митрополитот Тимотеј.
Инаку Вранишковски е осуден на казна затвор од две и пол години поради потикнување на верска, национална и расна омраза.