Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд обелодени дека Пентагон очекува милитантите во Ирак да ги продолжат нападите врз ирачки граѓани и официјални претставници. Според него, Сирија и Иран остануваат бескорисни во спречувањето на инфилтрирање на странци кои изведуваат напади во Ирак.
,,И покрај тоа што претрпеа многу неуспеси, терористите во Ирак остануваат ефективни, прилагодливи и имаат намера да ги продолжат нападите. Тие дури се обидуваат да предизвикаат граѓанска војна меѓу сунитите и шиитите.”
Изјави Рамсфелд. Претходно, британската невладина организација Ај Би Ес, во соработка со Истражувачката група Оксфорд изврши истражување, според кое, од почетокот на ирачката војна на дваесетти март две илјади втората до деветнаесетти март годинава загинале дваесет и четири илјади осумстотини шеесет и пет цивили. Во истиот период биле ранети над четириесет и пет луѓе. Тоа значи дека во просек, секој ден гинеле по триесет и четири лица, а пеесет и осум биле ранети. Тоа исто така значи дека во изминативе две години секој илјадити ирачанин умрел од насилна смрт. За разлика од некои претходни истражувања, во оваа не е вклучен и бројот на убиените војници, вели еден од основачите на Ирак Бади Каунт Хамит Дардаган:
,,Истражувањето се базира врз анализата на повеќе од десет илјади извештаи од Ирак кои ги собиравме секојдневно во тој период. Тоа ни овозможи не само да го регистрираме бројот на жртвите, туку да утврдиме кои се тие, кој ги убил и колку биле ранети.”
Извештајот на дваесет и шест страници дава увид и во старосната, полната и социјалната структура на цивилните жртви од почетокот на војната досега. Осумнаесет насто се жени и деца, меѓу нив и двесте бебиња. Најмногу цивилни жртви биле забележани во Багдад и во Фалуџа. Истражувањето покажува дека во почетокот на војната за поголемиот број на убиствата биле одговорни американските сили. Ирачките власти го критикуваа извештајот, особено во врска со малиот број на убиените во скоро секојдневните бомбашки напади во земјата. Имено, Ај Би Ес наведува дека само девет насто од дваесет и петте илјади убиени загинале од експлозии на бомби.