Достапни линкови

Јушченко ги „проветрува“ органите за спроведување на законот


Украинскиот претседател Виктор Јушченко повика на протресување на органите за спроведување на законот со цел да ги намали корупцијата и организираниот криминал во земјата. Претседателот нареди распуштање на сообраќајната полиција во земјата позната под кратенката ДАИ. Тој исто така побара смени во министерството за внатрешни работуи.

Претседателот Виктор Јушченко побара да биде укината сообраќајната полиција. Во неа се вработени над дваесет и три илјади полицајци и е позната по тоа што е премногу корумпирана. За време на средбата во министерството за внатрешни работи Јушченко за ДАИ изјави:

„Самите се дикредитиравте. Затоа јас решив дека веќе нема да постоите. Момци, доста е со заработување пари на патиштата. Доволно ги злоставувавте возачите.“

Јушченко додаде дека е решен на овој чекор, бидејќи досегашните напори да се реформира оваа единица се покажале за неуспешни. ДАИ е многу непопуларна меѓу возачите, бидејќи нејзините полицајци многу често бараат пари од нив.

„Ја поддржувам оваа одлука, бидејќи тие, како што рече претседателот, само земаат пари и се кријат во грмушките.“

„Јас немам конечно мислење за тоа, бидејќи ќе биде многу тешко без ДАИ. Возачите не се доволно обучени. Од друга страна ДАИ се искомпромитира.“


Велат граѓаните на Киев. Од друга страна Лариса Денишенко, претставничка на Транспаренси Интернејшнал во Украина е скептична во врска со чекоро. Таа вели дека ДАИ беше една од најкорумпираните институции во земјата и оти затоа се сомнева дека ваквата радикална мерка ќе успее.

„Ликвидирањето на некоја институција не секогаш значи и решавање на проблемот. Не мислам дека ќе постигнете искоренување на корупцијата ако искоренете некоја институција.“

Денишенко вели дека подобро би било доколку сообраќајната активност им биде префрлена врз општините. На слично милсење е и министерот за внтрешни работи Јури Луценко.

„Повеќето од полицајците ќе бидат трансферирани во унифицирана патролска служба. Како и во другите европски земји таа ќе одговора пред подрачните и општинските власти.“

Украинскиот потег не е единствен. Грузискиот претседател Михаел Саакашвили во почетокот на минатата година исто така ја распушти сообраќајната полиција во која имаше вработено над триесет и шест илјади луѓе. Дел од нив конкурираа за новата служба во која тие што беа примени имаа поголеми плати. Тие, како што се додава, биле одлично примени од граѓаните.
XS
SM
MD
LG