Достапни линкови

Придонес за поагресивна борба за правата на работниците


После отцепувањето на синдикатот за образование, наука и култура во Македонија прв пат функционираат два синдикати. Дојчин Цветановски претседателот на СОНК, вели дека тоа е нормално и во секоја друга држава дури и во балканските земји постојат повеке синдикати. Напротив вели тој со нашето одделување не се ослабува туку само се зајакнува синдикалното движење

,,Се создава конкурентност. Нема монопол. ССМ, па каков и да е, тој е, работел или спиел, се врзувал, не е важно, ама тоа е. Мислам дека само се јакне синдикалното движење.”

И од Сојузот на синдикати велат дека заминувањето на СОНК може да биде добро, затоа што ке конкуренција е нормално секаде во светот. Излегувањето на СОНК од сојузот на синдикати е предизвикано од незадоволство од работењето на Ванчо Муратовски и доага после обвинувањето на неговата сметака за финасиски малверзации. Докази се завршните сметки и финансиски извештаи други докази за нечесното работење и не ми се потребни - вели Цветановски

,,Доволно е да ги земат завршните сметки на ССМ на последниот конгрес, па извештаите за неплаќање на членарина на гранските синдикати.”

Од ССМ велат дека за официјален став ја чекаат седницата на преседателството која ке се одржи во текот на оваа недела.Се друго што ке се коментира пред тоа ке преставува личен и а не став на синдикатот - вели секретарот на ССМ Пеце Груевски. Тој го обвинува СОНК за нетактично реагирање затоа што во време кога се носи законот за работни односи многу е невкусно е да се прават вакви работи. Од СОНК пак и во ставот на ССМ во однос на овој закон гледаат малверзации на Муратовски. Цветановски вели како преку ноќ од африкански закон од 18 век наеднаш истиот му стана многу прифатлив:

,,Ова што го прави СОНК околу раздружувањето демек било разбивање на единството во битката за законот. Која битка тој ја води ако јавно дал согласност? Со што ние го разбиваме единството и му оневозможуваме да бие битки со власта?”

Тој најавува дека новиот синдикат ке се формира до крајот на август а приклучување најавиле уште десет други синдикати, дел од ССМ а дел независни.
XS
SM
MD
LG