Достапни линкови

Договор за декларација за глобалното затоплување?


На вториот ден од самитот на Г – 8 во Шкотска светските лидери се очекува да постигнат договор за декларација за справување со глобалното затоплување. Најразвиените земји, како што се јавува го мерат и пакетот помош за Африка. Околу Единбург и Глинеглс и натаму анти – Г-8 протести а синоќа во единбург се одржа уште еден концерт на Лајф 8.

Во коминикето, кое се очекува денеска да биде издадено, на самитот на 8 те најразвиени земји во светот се наведува посветеноста за справување со глобалното затоплување. Како и да е не се очекува, да се спомне, да има нова редукција на емисијата на таканаречените зелени гасови кои се добиваат од фосилините горива. Еве што изјави американскиот претседател Џорџ Буш.

„Сега е време да се мине по перодот на Кјото и да се развие стратегија која ќе биде инклузивна не само за Соединетите Нации туку и за оние во развој.“

Домаќинот на самитот Тони Блер .

„Станува збор за тоа дали во иднина ќе може да има консензус и сите да се соберат околу ова прашање.“

Помошта за Африка треба да се дуплира, бараат илјадниците демонтстранти кои и денеска во Глинеглс – Шкотса во континуетет се судираат со полицијата.

Во Единбург повторно во главна улога лобистите, рок звездите Боб Гелдоф и Боно Вокс. Боно фронтменот на Ју Ту се состана на одвоени средби со лидерите на Америка, Британија, Германија и Канада - Буш, Блер, Шредер и Мартин.

И додека лидерите заседаваат зад затворена врата, од другите точки на дневен ред како што јавуваат медиумите, рускиот претседател Владимир Путин бара поголема улога на Обединетите Нации во Ирак. Американскиот претседател Џорџ Буш претходно ја бранеше својата позиција во однос на справувањето со ситуацијата.
XS
SM
MD
LG