Државите кои настојуваат да се приклучат во Европската Унија се соочуваат со долг период на неизвесност, поради кризата во самата Унија. Аналитичарот од францускиот институт за меѓународни студии, Филип Моро, смета дека Романија и Бугарија ќе бидат примени во наредната година, како што е планирано, но оти другите земји, како Хрватска, Турција и останатите, не треба да очекуваат брза акција.
„За другите ќе има период на чекање. Сега престои многу тешка дебата за повеќе клучни прашања во Европската Унија.“
Аналитичарот Петер Зервакис, пак, смета дека процесот на проширување на Унијата ќе продолжи, но сега под поинакви услови.
„Класичниот вид на проширување, целосната политичка интеграција на нови земји од Источна и Југо-источна Европа, веројатно е минато. Ќе има нови стратегии со кои на така-наречените соседни земји ќе им биде овозможена економска соработка, но не и политичка интеграција.“
Со други зборови, според Зервакис, полноправното членство во Европската Унија, можеби е веќе невозможно.
„Има стратегиски причини и причини поврзани со модернизацијата. На пример, потребно е Турција да биде поврзана со Европската Унија, но прашање е дали е потребно и политичко интегрирање. Според последните размислувања, ќе се оди на привилегирани партнерства со кандидатите, меѓу кои се и Балканските држави.“
Моро додава дека земјите кандидати сметаат оти со спроведувањето на реформите, автоматски имаат право на прием во Унијата, но во земјите членки веќе не се прифаќа таквиот начин на размислување. Постојат и други проблеми. Во Франција за секое наредно проширување на Унијата ќе се гласа на референдум. Во Германија, новата влада од наесен се поверојатно е дека ќе ја формира Христојанско-демократската Унија, кој исто така е резервирана во однос на натамошното проширување на Европската Унија, а тоа пред се се однесува на турските аспирации. Официјален став на Анкара е дека не сака никаков специјален статус, туку полноправно членство.