Пратеникот е пратеник 24 часа и има малку слободно време, вака својата професија на парламентарки ја опишуваат жените пратеници во македонското Собрание. Тие надвор од него во истовреме велат, се трудат да бидат добри сопруги и мајки. Што прават во малку од слободното време? Трпи ли нивното семејство од ангажманот во собранието? Либералката Ристана Лалчевска вели, да, домаќинлукот нормално трпи, но важно е што таа има поддршка од сопругот и децата:
„Мамо кога ќе дојдеш дома? Тоа е најчесто прашање. Инаку, затоа што ја пратат работата преку медиумите и седниците, знаат кога сум и каде се наоѓам и нетрпеливо очекуваат да заврши седницата.“
Поранешната раководителка на здравствениот фонд во Штип Марија Којзиклиска, сега пратеник на ВМРО – Народна, вели дека добро се снаоѓа во функцијата пратеник, но и дома. Сите, вели Којзиклиска помагаат, сабота е ден за средување на куќата, а недела резервирана за семејниот ручек:
„Омилено им е лаазањи и постојано прашуваат, мамо кога ќе направиш лазањи, така што, недела главно е за лазањи. Распуштени се децава после 10 јуни, колку можат помагаат. И сопругот да не го заборавам, затоа што се организираме, кој треба да готви, што итн.“
Сега има малку помалку време, но семејството не го запоставува, вели Роза Топузовски од ЛДП, секогаш има време да поразговара со ќерката, која сега е студент:
„Нормално дека ќе праша мамо зошто не си дојде порано, но наоѓаме време, можеби малку помалку и двете ќе спиеме, но сепак да си го кажеме она што имаме да си го кажеме.“