Достапни линкови

Време е да започне да функционира Законот за спречување на насилствата


Агресијата мегу навивачите на терените во Македонија е „вообичаен“ декор во рамки на спротските натпревари. Инцидентите помеѓу спортските навивачи секогаш се зголемуваат на крајот од натреварувачките сезони. И покрај донесувањето на Закон за спречување на насилствата на спортските терени што кон крајот на минатата година беше усвоен во Собранието, дисциплинирање на жестоките реакции мегу навивачите кои најчесто завршуваат со физички пресметки, нема.

„Не само и овој, туку и редица други закони за кои сме дебатирале, доаѓа до тешка примена во пракса. И овој Закон тоа го отсликува. Инцидентите кои се случуваат кај нас доаѓаат и поради менталниот склоп на нашите љубители на спортот. Токму сега, само неколку дена после сериозен инцидент, треба да се покаже дека овој Закон навистина во пракса дава резултат,“

вели пратеникот Иван Атанасовски, кој заедно со сега веќе актуелниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски, го предложи Законот за спречување на насилство во спортот. Во Министерството за внатрешни изјавуваат дека секогаш се реагира на ваквите настани, а изминатава недела речиси и да немало натревар во земјава, кој не поминал без реакција на Министерството за внатрешни работи, а еден од нив се случи дури и на меѓународен терен.

„Во текот на минатата недела и оваа, имавме неколку покарактеристични настани. Пракса е на крајот од натпреварувачките сезони да има повеќе инциденти. Минатата недела се случија три, во коишто се поднесени вкупно пет прекршочни пријави против пет лица,“

изјавува Горан Павловски портпарол на Министерството за внатрешни работи.
На што се должи ваквата агресија меѓу навивачите на спротските натревари во Македонија.

„Тука кај нас навивачките групи или земаат англиски стил навивање, со тепачки, или италјански стил, кој е покултурен. Кај нас имаше ривалитет, Скопје – Битола, од типот кој е посилен итн.“

ни изјави еден поранешен навивач на спротските фудбалски терени. Феноменот на насилтва мегу љубителите на одреден спортски клуб, сеуште не истражен доволно, станува збор за ривалства кои најчесто преминуваат во спортски војни.
XS
SM
MD
LG