Предлагачите на Законот забележуваат дека некои од грабнувачите на авионите во нападите на единаесети септември две илјади и првата употребиле важечки возачки дозволи за да ги чекираат нивните летови и покрај тоа што нивните визи биле невалидни.
„Чувствувам дека треба нешто да преземеме откако возачките дозволи почнавме ги употребуваме како лични карти. Законот вели дека државите слободно можат да ги издаваат, но оти притоа треба да бидат задоволени некои стандарди.“
вели републиканскиот конгресмен Џејмс Сенсенбренер. Имено, од апликантите ќе се бара да докажат дека се американски граѓани или дека нивниот престој во земјата е легален. За разлика од нив пак, опонентите на овој Закон велат дека станува збор за прв чекор кон создавање национална лична карта во Соединетите Држави. Тие додаваат дека не треба да се поддржи нешто што на централната влада ќе и даде повеќе инструменти за контрола врз граѓаните. Еден од оние што се противат на новиот закон и е Питер Свир професор по право на Охајо Универзитетот во Кливленд:
„Традиционално можеш да дојдеш во Америка, да патуваш во неа каде што сакаш, да бидеш кој што сакаш. Сето тоа е важен дел од американскиот сон. Кога сум во Европа се прашувам дали треба да го носам пасошот и кога одам на трчање.“
Свирс додава дека мотивот за национални стандарди на возачките дозволи е проблематичен и поради тоа што сега на крадците ќе им биде олесната можноста, со употреба на проста технологија, да ги фалсификуваат.
„Проблемот е што луѓето мислат дека личната карта дава сигурност. Но, не е така во реалноста. Таа е многу лесна за фалсификување. Имаме карта која само ни дава илузија на сигурност.“
Свир наведува дека слични национални стандарди во Соединетите Држави беа донесени и пред една деценија, но оти Конгресот наскоро го поништи тој Закон.
Во денешните пет напади на бомбаши самоубици во Ирак, како што јавуваат агенциите, загинале над пеесетина луѓе, додека десетици други биле ранети. Нападите се случиле во Тикрит, Хавиџа и во едно предградие на Багдад. Во меѓувреме, во западениот дел на Ирак продолжува операцијата на американските сили против тамошните бунтовници. Претставник на американската команда во Багдад соопшти дека војниците наишле на голем отпор од милитантите.