Достапни линкови

Придонес за нормално функционирање на градот


Изборот на претседател на Советот на град Скопје кој се одолговлекува повеќе од еден месец поради партиските несогласувањеа само ќе придонесе во функсионирањето на градските власти и започнување на заацртантие проекти и обврски кои ги чекаат советниците, вели Трајко Славевски од ВМРО ДПМНЕ еден од најсериозните кандидати за претседател на Советот на град Скопје:

,,Без изборот на претседател на Советот, се создаваат проблеми околу неговото функционирање. Мислам дека од денеска работите ќе тргнат во нормален тек. Има некои законски обврски, од друга страна големи се надлежностите на Советот, секако дека без него и градоначалникот функционира со 50 насто."

Досегашното одолговлекување на избор от на претседател на собветот само го попречуваше неовиот градоначалник во своите работи. Трифун Костовски вели:

,,Мене ми треба Совет, претседател. Сите членови во Советот се мои соработници и инсистирам ден поскоро да седнат да се договорат зашто градот мора да функционира и да се носат суштествени одлуки за функционирање на градот."

Дека изборот на претседател на советот само ке помогне во реализација на зацртаните планови потврдува и Халид Хајради советник од редовите на коалицијата ПДП ДПА:

,,Со новите ингеренции можностите на локалната власт се навистина големи. Да помага во функционирањето на тоа што долго години беше проблем за граѓаните во сите сфери на живеењето."

Советот на Град Скопје денеска според сите очекувања ќе се комплетира со изборот на новиот претседател на советот бидејки е извесно дека и советниците на ВМРО Народна ќе го поддржат кандидатот на ВМРО ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG