Достапни линкови

Централна прослава по повод 60 години од победата над фашизмот


Централно место на дипломатски чувствителното патување на американскиот претседател Џорџ Буш, меѓу Летонија и Грузија, е Москва. Буш таму е во понеделник на парадата на Црвениот плошад на кој ќе се соберат лидери на повеќе од 50 држави во светот во рамките на прославата по повод 60 годишнината од победата над фашизмот. Според советниците на Буш, тој ќе изврши притисок врз рускиот претседател Путин за враќање на демократските процеси.

Настанот во Москва се случува меѓу посетата на Летонија и престојната посета на Грузија. Тоа е деликатна дипломатија која бара баланс во одавањето признание на придонесот на Русија во Втората Светска Војна но и истовремено со признанието на децениите од Советската репресија. Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Стивен Хедли, вели дека претседфателот Буш нема да калкулира при испраќањето на пораката до Москва.

„Тоа е предизвикувачи свет. Има многу предизвици во светот. Но претседателот оди со визија и принципи и е многу јасен и комфорен во врска со тие принципи.“

Во Москва, Џорџ Буш ќе има кратка средба со рускиот претседател Владимир Путин. Како и на другите две места, тој ќе се сретне и со активистите за човекови права и ке го промовира широкиот концепт на слобода и демократија. Американската администрација оваа година го подигна прашањето за демократски реформи со Кремљ, но истовремено се соочува со внатрешен притисок да го предизвика Путин уште повеќе. Така конгресмените Том Лантош од Демократската партија и Кристофер Кокс од Репубиканската партија на Буш побараа Русија да се острани од групата на 8 најразвиени земји. Според нив на Русија не и местото во групата на водечките демоктратски земји. Меѓутоа, ставот на државниот потсекретар Пола Добриански е дека треба да се работи со Русија за подобрување во подрачјата како што се човековите права.

„Во однос на предлогот за Г-8 се што можам да кажам сега е дека администрацијата чувствува оти со директната работа со Русија може да се надеваме на промени во оваа област.“
XS
SM
MD
LG