Достапни линкови

Разговори за границата, трговската размена и визите


Армијата полека ја препушта контролата на државните граници на полиција , по јужната и источната, граничната полиција на 7 овој месец ја презема и контролата и врз северната граница вклучувајки го и делот кон Косово и покрај проблемите со демаркацијата на гранична линија.

„Официјалниот северен дел од административната граница на Република Македонија официјално ќе го преземе на 7. Од денеска до 7, следат подготовки околу преземање на целиот дел, кој опфаќа потег од врвот Руен на Осоговските Планини до Радика.“

изјави портпаролот на граничната полиција Елизабета Петковска. По преземањето на контролата на северната граница од страна на полицијата, Армијата ке се грижи само уште за контролата западната граница кон Албанија, но само до септември годинава за кога е планирано да заврши комплетното преземање на државните граници од страна на полицијата

„До сега работите се движат согласно динамиката на преземање и верувам дека преостанатиот, западниот дел ќе го преземеме во септември.“

Досегашното искуство споиред портпаролот Петковска покажува дека зголемена е ефикасноста на контрола на државната граница. Полицијата досега ги контролира јужниот дел на границата со Грција и источниот со Бугарија.

„Досегашните искуства покажуват дека ефикансоста на обезбедување на границата е поголема и се должи на поголем број откриени илегални преминувања на тој предел.“

Како ке сде справат со проблематичниот дел на границата кон Косово каде сеуште не е извршена демаркација на граничната линија останува да се види. Ова и останатите отворени прашања со протекторатот Косово, трговската размена и воведувањети визи или не, се тема на разговор на заменик шефот на УНМИК Лоренс Росин со македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Владо Бучковски.
XS
SM
MD
LG