Достапни линкови

Нуклеарната фузија извор на чиста енергија?


Нуклеарната фузија е процес на кој се гледа како на нова надеж на човештвото да дојде до извор на таканаречена чиста енергија. И покрај тоа што фузијата, поради практични причини, се уште е само фантазија, веќе почнаа да да се преземаат чекори за изградба на првиот експериматенлан реактор. Прашањето е: каде? Реакторот го сакаат и Франција и Јапонија. Деновиве тие решија да донесат конечна одлука околу спорот. Сепак некои екологисти се сомневаат во придобивките на фузијата.

Заканата од глобалното затоплување ја врати во фокусот долго време неомилената нуклерна енергија. Постојниот процес со кој се добива таа е базиран врз физијата која остава тони опасен радиактивен отпад кој со векови останува ризичен по здравјето на луѓето. Тоа како и можноста од катастрофални несреќи како Чернобилската пред дваестина година се Ахиловите пети на физијата. Од друга страна, фузијата остава само неколку грама талогм, а опасноста од радиоактивно зрачење скоро и да ја нема. Научникот Јап ван дер Лаан од Холоандскиот енергетски истражувачки центар вели дека фузијата е зелена верзија на нуклеарната енергија.

Всушност, иако фузијата може да ја опишете како нуклеарна технологија, што впрочем и е, таа е позелена, поеколошка од нуклеарната енергија добиена со физија.

Што е фузијата? Таа се случува кога лесните атоми се спојуваат во потешки атоми. За да се употреби ваквата реакција како енергетски извор, гасовидното гориво треба да биде загреано на повеќе од сто милиони степени. На овие температури, гасот станува плазма, чии делови деутериумот и тритиумот се фузираат и создаваат хелиум и многу брзи неутрони. Тоа ослобуда енергија која може да се употреби за создавање струја. Ова е основната идеја, која досега воопшто не испробана во практиката. За да биде сторено тоа е потребен реактор. Шест страни, Европската Унија, Соединетите Држави, Кина, Јапонија, Канада и Русија се согласија да го изградат првиот фузичен реактор. Но, повеќе од една година постои спор за тоа каде реакторот во вредност од тринаесет милијарди долари би се наоѓал. Европската Унија го сака во Кадараче во јужна Франција, Јапонија пак во Рокашо, во северниот дел на таа островска земја. Брисел дури се закани дека ќе се повлече од групата и оти ќе ја почне изградбата на реакторот во Кадараче без финасиската и техичката помош од Јапонија и Соединетите Држави кои се на страната на Токио. Двете страни, деновиве се согласија јули годинава да биде крајниот датум за решавање на овој спор. Поддржувачите на проектот велат дека фузијата е исплатлив начин за добивање електрична енергија. Тие наведуваат дека енергијата добиена од еден килограм на гориво потребно за фузија е еквивалентно со енергијата што ја даваат десет милиони килограми фосилно гориво. Но, екологистите се далеку од тоа да бидат убедени во ваквите нивни пресметки. Јан ван дер Путе експерт за нуклеарна енергија во движењето Гринпис вели дека и фузијата ја загадува природата.

Што се однесува до радиоактивен отпад, имате генерирано големи маси, бидејќи постои многу агресивно неутронско движење во реакторот. Затоа многу често ќе бидете принудени да ги менувате некои делови од реакторот што се изложени на таквата активност.

Втората опасност, според Путе, е тоа што со фузијата се отвора просторот за натамошно развивање и ширење на нуклеарното оружје во светот.
XS
SM
MD
LG