Реформите во армијата, се спроведуват добро, но НАТО алијансата не е фокусирана само на случувањата во овој сегмент, оттаму се бараат позитивни реформи и функционирање во сите сфери на македонското општество чии стремежи се насочени кон влез во Алијансата како и во Европската Унија. Во оваа насока, НАТО посочи сериозна загриженост, поради изборните нерегуларности кои се случија за време на одржувањето на локалните избори во земјава. На земја која претендира за членство во НАТО не смеат да и се случуваат такви инциденти, порача на последната средба со македонскиот премиер Бучковски, во Брисел генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер. Претставниците на НАТО посочуваат:
„Досега зборувавме многупати за реформите во Македонија. Одбраната е само една област. Дискутиравме за другите реформи во правниот систем, економијата, изборниот процес... НАТО признава дека изборниот процес во Македонија, не беше најдобар, но не беше ни најлош,“
изјавува Крег Ретклиф од НАТО.
Што се однесува до македонските очекувања за покана за членство во НАТО до 2006-та година и загриженоста за текот на изборите, пораката оттаму е:
„Ова е тешко прашање да се одговори. Тоа не се заснова на една работа. Досега напреднавте многу во реформите во одбраната. Но има уште многу, што треба да се направи. Како што реков, во правосудниот ситем, економсктие реформи. Изборниот процес е исто така една важна област која може да влијае на врз потенцијалното членство на Македонија во НАТО. Никој не може да каже дали сте блиску или не сте. Луѓето бараат датуми и сакаат прецизни податоци дали тоа ќе се случи наредната година или потоа. Но, само Македонија може да му каже на НАТО кога ќе биде подготвена, презентирајќи ги постигнатите резултати кои од неа се бараат,“
додава Ретклиф, кој како што посочи, конкретно што се однесува до реформите во Армијата, оценката на НАТО е дека тие се спорведуваат добро. Позитивните оценки за реформските процеси во армијата, на неколкуте НАТО тимови кои ја посетија земјава, ги пренесуваат и од македонското министерство за одбрана.
„За посетата минатиот месец каде што од страна на тимот беше оценето дека реформите одат одлично и при последната посета на наша делегација во НАТО беше повторена таа оценка,“
објаснува Биљана Аврамовска портпарол на министерството за одбрана.