Достапни линкови

Најризични маскираните форми на депресија


По распаѓањето на Југославија, нагло се зголеми бројот на самоубиства во Македонија. Причината за ваквата состојба е несигурноста на живеењето, вели невро психијатарот Јордан Јовев:

„Ако гледаме кај нас, реактивните депресии се се повеќе се јавуваат и се зголемува бројот после војните на југословенските простори, па потоа кај нас војните создадоа, стрес, страв, несигурност.“

Други социолошки фактори кои доведуваат до одземање на животот се кризата во политиката, во идентитетот, во економијата, коишто неминовно водат до депресија. Луѓето тогаш се вознемирени или се повлекуваат во себе:

„Најнезгодни се маскираните форми, не може да ги препознаеме, го боли срце, стомак, глава, се го боли, а нема органска болест, станува збор за депресија. Таквите форми на депресии се истворемено и најопасните форми,“

објаснува Јовев.

Тој вели дека често до депресии доведуваат и пороците на луѓето, како алкохолизмот и наркоманијата кои исто така се во пораст. Жените пак, имаат повеќе обиди, но поголем е бројот на мажи кои си го одземаат животот.

„Реализирани самоубиства се најмногу кај средовешните луѓе, 30 до 60 години. И одреден дел кај постарите луѓе кога прават биланс за што постигнале што не постигнале, а посебно ако имале и одреден добар стандард, сега одеднаш се најдоа како стечајни работници на улица.“

И според МВР најголем број самоубиства се случиле поради нервни растројства и психички болести, вели Борче Пешевски:

„Во текот на минатата година се регестритани 158 самоубиства, а за споредба во 2003 беа регистрирани 145.“

Според нивните податоци, Скопје е град со најмногу вакви случаи 23, а веднаш по него е Битола со 16. Најмногу луѓе пак, околу 60 насто животот си го одземале со бесење.
XS
SM
MD
LG