Достапни линкови

Битка за квалитет или цени?


Неквалитетно млеко повеќе нема да откупуваме, е одговорот на битолска млекара, по најавите дека млекопроизводителите ќе прекинат со пласман на млеко во овој млечен комбинат:

,,Доколку сакаат да носат квалитетно млеко,”

вели Живко Радевски, директор на битолска млекара.

Млекарите со став, немаме друга алтернатива и нема да дозволиме битолска млекара да не уценува:

,,Ние и вака тонеме. Мислам поарно да умрам сега, одошто да се мачам уште шест месеци,”

вели млекопроизводителот Драган Ристиќ.

Според млекарите тие работат нерентабилно и со постојната откупна цена:

,,Проблемот е во намалување на цената на млекото, ние и со постоечката цена не можеме да опстанеме, а сега замислете за 12 насто да се намали цената на млекото.”

Според првиот човек на битолска млекара, не се работи за намалување на откупната цена, туку за нов начин на оценување на квалитетот на млекото:

,,Ние преминуваме на плаќање на млекото на друг начин. Не млечната маст, туку влегуваат и други критериуми, бактерии, протеини. Бараме квалитет.”

Произвидителите кои нудат квалитет сигурно ќе бидат позадоволни, тврди Радевски:

,,Цената е дури подобра, повеќе ќе може да земат тие што ќе носат квалитетно млеко. А, тие што ќе носат неквалитетно, или нема да го примаме, или ќе имаат пониска цена.”

Млекарите со одговор, не е проблемот во начинот на пресметување на квалитетот на млекото:

,,Ние не сме се договориле за контрола на млекото.”

Во меѓувреме Македонија останува една од ретките држави во Европа, каде држават не ги субвенционира млекопроизводителите:

,,Во државите што не опкружуваат субвенциите се на прво место и во ЕУ исто. Иако, не произведуваме во исти услови.”
XS
SM
MD
LG