Достапни линкови

Добар прогрес во одбранбените реформи


Соседните земји учат од искуствата на Македонија во процесот на приблиување кон Североатлантската алијанса. Македонија која очекува покана за членство во НАТО Алијансата во 2006 веќе делува дефакто како член на оваа организација сметат македонските власти. Тоа го докажува не само со својот придонес кој го дава со присуството во мировните мисии во Авганистан и Ирак туку и со фактот што ги споделува и обврските со земјите членки на НАТО.

Советодавни тимови на НАТО од Албанија и Босна деновиве се наоѓаат во Македонија каде се запознаваат со текот на реформите киои нашата земји забрзано ги прави со цел приближување кон НАТО Алијансата:

„Сакаме да видиме како напредува работата во трите земји, во Тирана , Сараево и Скопје бидејќи трите земји се различни и треба да се обидеме да видиме што секој поединечно може да направи за да се збрзаат реформите и да се подобрат контактите, со што би идентификувало најдоброто решение за напредок и спроведување на истите,“

изјави Жан Пол Варне од советодавниот тим на НАТО во Македонија.

Дека Македонија во процесот на приближување кон НАТО Алијансата е многу поблиску од останатите земји потврдува и Жан Лук Лашукс од канцеларијата на НАТО во Босна и Херцеговина

„Реформите најдобро се одвиваат во Македонија. Ние учиме од неа и бараме многу информации и се уште не сме блиску до спроведувањето на реформите во одбраната, но се надеваме дека се движиме на вистинскиот пат,“

вели Лашукс

И Албанија ќе го применува македонското искуство за доближување кон НАТО стандардите:

„Внимателно ја следиме состојбата во нашите штабови, работата на албанските воени сили, како и разменуваме идеи со другите земји, посебно со НАТО структурите во Скопје. Работиме добро и сметам дека во поглед на спроведување на реформите во одбраната, Албанија покажува подобрување,“

вели Панајотис Каперонис од штабот на НАТО во Албанија.

Прогресот што Македонија го остварува во реформите во одбраната вчера беше презентиран пред Командната група на Врховната команда на сојузничките сили за Европа во Брисел и ешалонот на Националните воени претставници на земјите членки на НАТО.
XS
SM
MD
LG