На денешното гласање за вториот круг од локалните избори во 57општини, односно прегласувањето на првиот изборен круг во 10-тини други локални единици во земјава, до 15 часот како што соопшти Државната изборна комисија излегле нешто повеќе од 28% од вкупниот број евидентираните гласачи.
„85,21 насто се обработени податоци и одзивот е 28,62 насто,“
изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски.
Инаку, Државната изборна комисија информираше за нерегуларности во Прилеп и кумановското село Отља каде и во двата случаи реагирало Министерството за внатрешни работи и како што соопштуваат оттаму за случајот Отља приведени се две лица прекршители на изборниот процес, а по прекриштелите на процесот на гласање во избирачкото место 1391 во Прилеп, сеуште се трага. Освен овие, граѓанската асоцијација МОСТ инфрмираше и за нерегуларсности во повеќе други општини во земјава, меѓу кои и во скопската општина Бутел каде пет избирачки места биле затворени одреденото време:
„Во општинта Бутел влегле група граѓани кои ги искинале гласачките ливчиња, ги однеле гласачките списоци, и заминале од местото. На гласачките места 1114, 1116 во Матејче и 1124 1125 во Слупчане во општина Липково забележана е појава на гласање на еден гласач за повеќе лица. Покрај тоа, забележани се нерегуларности во општина Битола на четири избирачки места, а во гласачкото место Теарце, уфрлени се неколку гласачки ливчиња во кутијата, во име на лица кои не се наоѓаат во државава,“
изјави Славица Биљарска, портпарол на МОСТ. Од МВР го потврдуваат нарушувањето на гласањето во Бутел.
„Последниот инцидент барем до овој момент е оној во училиштето Пенко Здравсковски, каде што од страна на неколку лица се украдени гласачките ливчиња. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и приведување,“
соопшти портапорлот на Министерството Горан Павловски.
За повеќе други инциденти кои се случиле во текот на денешниот ден информираше и опозционата ВМРО ДПМНЕ која сериозно ја разгледувала можноста за повлекување од изборите:
„Меѓутоа имаше вакви размислувања и идеи, за сега ние продолжуваме со изборите, но ги повикуваме претставниците на власта да престанат со фалсификувањето на волјата на граѓаните,“
потенцираше Силвана Бонева, од ВМРО ДПМНЕ. Од Социјадемокртскиот сојуз пак каде попладнево беше одржан брифинг со новинарите, соопштија дека гласањето се одвива регуларно, фер и демократски со извесни изолирани инциденти. За нерегуларностите кои беа посочени од ВМРО ДПМНЕ од оваа партија велат дека се констуркции со цел, да се издејствува евенутално непризнавање на конечните резулатити. Првичните резулатите од денешното гласање, Државната изборна комисија како што најави, ќе ги соопшти неколку часа по затворањето на гласачките места во 19 часот.