Достапни линкови

Американски претставници против планот на Буш за развивање оружје со низок експлозивен дострел


Американски претставнци кои заговараат неширење на нуклеарлното оружје велат дека е погрешно тоа што администрацијата на претседателот Џорџ Буш размислува да развие еден вид на нуклеарно оружје со низок експлозивен дострел. Тоа би служело за уништување на бункери кои не можат да се уништат со конвенционални експлозиви. Поранешниот американски сенатор Сем Нун вели дека ваквите планови може да испратат погрешна порака во светот за ширење на оружјето.

Критичарите делат дека и покрај нискиот дострел на ова оружје, развојот на нуклаерното оружје ке доведе до радиоактивно зрачење во пошироката област. Поранешниот сенатор Сем Нун вели

„Мислам дека цената што ја плаќаме, при развојот на таков вид оружје е енормно диспропорционална со добивката што ке ја имаме. Па така јас се противам на тоа. Мислам дека треба да ги оставиме настрана тие работи, да не правиме ново нуклеарно оружје. Ако не ја оставиме настарана нуклеарната програма, ни претстои тежок период.“

Нун кој беше претседател на сенатскиот комитет за оружје, креирааше норми кои пред 15 години и помогнаа на Русија и неколку други поранешни советски републики да го уништат вишокот нуклеарно, биолошко и хемиско оружје. По оваа иницијатива, и Русија и Соединетите држави превземаа важни чекори да се ограничи нуклеарното оружје. На средбата мегу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот, Џорџ Буш, што се одржа кон крајот на февруари во Братислава двајцата лидери сигнализираа дека нуклеарната заакана ја сфакаат многу сериозно. Нун, вели дека во последните неколку години има и некои разлики мегу Русија и Соединетите држави во делот околу превземањето обврски. Па, така Русија на пример сака да ја подели одговорноста доколку се случи некој инцидент. Поранешниот сенатор смета дека некои прашања треба да ги решат само претседателите Буш и Путин. Тие се неопходни за да се превенира нуклеарниот тероризам.

„Тоа е пречка која мора да биде решена од двајцата претседатели. Досега тие не превземале акција за да го решат тоа.“

Нун говори и за хипотетски сценарија во кои нуклераното оружје е во погрешни раце, или е кај неодговорни влади. Во секој случај резултатите ке бидат следни - смртта и уништувањето ке бидат неизбежни, и земјите во светот ке посакаат да делувале побрзо. Поранешниот сенатор смета дека Русија и Соединетите држави мора да разговаараат за заканите од нуклеарните арсенали. Според него доколку било кој вид на нуклеарно оружје не е соодветно заштитено, најлошиот кошмар може да стане реалност.
XS
SM
MD
LG