Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека американските сили се справуваат со лојалистите на Садам Хусеин, кои ги обвини за актуелните насилства и нереди во Ирак. Рамсфелд изјави дека очекува зголемување на нападите врз коалиционите сили, а дека тие се соочуваат со ситуација и задача слична како во Авганистан.
„Остатоците на Баас режимот и фајаденовите смртоносни одреди се инфилтрирани во населението и се претвараат во терористичка мрежа. Ние се справуваме со овие остатоци на пригоден начин, исто како што тоа го правиме со остатоците на Ал Каеда и Талибанците во Авганистан.“
Изјавата на американскиот секретар на одбрана Доналд Рамсфелд доаѓа во текот на операцијата Сајд виндер која започна во саботата против лојалистите на Садам Хусеин. Досега се уапсени повеќе од 60 лица, а агенциите јавија дека ноќеска одекнала експлозија во еден верски објект во Фалуџа во западниот дел на Ирак, при што загинале најмалку 4 ирачани, а неколкумина биле повредени. Инаку нападите врз коалиционите сили и бавниот прогрес во обновата на Ирак придонесоа да се намали подршката на јавното мислење во Соединетите Држави за американската окупација во Ирак. Според истражувањата на Ју Ес Еј Тудеј, Си Ен Ен и Галуп, сега околу 56 насто испитаници сметаат дека против Ирак требаше да се преземе воена операција за разлика од 73 проценти во април годинава. Тогаш и околу 84 насто веруваа дека во Ирак ќе биде пронајдено оружје за масовно уништување додека сега во тоа се убедени околу 55 насто од испитаниците.