Достапни линкови

Јован Манасиевски, министер за труд и социјална политика. Почетните реформи во социјалната сфера охрабруваат


Ресорот труд и социјална политика, зафаќа или троши некаде скоро една четвртина од буџетот на Република Македонија. Пред шест месеци ги најавивте реформите. До каде се стигна со реформите?

Па, ние прилично добро грабиме. Во еден дел од реформите, веќе имаме видливи резултати, еден дел се во фаза на операционализација во еден трет дел сме сеуште на почетокот, поради таа голема меѓуресорска зависност и потребата од промена во повеќе закони. Она што јас го говорам и како една филозофија се обидувам да ја проведам во министерството, тоа е трансфер на трошоците од така наречени пасивни, кон таканаречените активни политики. Тоа значи, дека овој обем на средства што се даваат како кеш надоместоци по разни основи постепено бидат намалувани, на сметка на давање пари за перспективни проекти и програми, коишто можат луѓето да ги извлечат од таа ситуација на приматели на кеш надоместоци по разна основа. Главниот мотив е да се изврши притисок врз тие приматели да не чекаат кеш надоместок од државата, туку самите да почнат поактивно да бараат работа. Во декември 2002 имавме 82000 семејства коишто примаат социјална помош. Кога ја обзнанивме новата програма, со новите критериуми од 82,000 само 70,000 аплицираа. Едноставното прашање што се поставува е каде се овие 12,000 досегашни приматели. Токму овие 12,000 се оние највидливи така наречени лажни социјалци, коишто ја процениле новата социјална политика на владата, ги виделе новите критериуми и заклучиле дека во овие нови околности немаат шанси да се провлечат со нивните лажни аргументи. А, десет милиони долари што
ќе бидат помалку исплатени оваа година воопшто не се цифра за потценување. Тие десет милиони долари доколку паметно се работи може да се потрошат на третирање на одредени состојби на социјален ризик. Веќе дел од тие пари јас и пренасочив, на пример за 20 насто е зголемен буџетот за таканаречениот детски додаток. Тука најголемо зголемување е направено кај таканаречениот посебен додадок, кај околу 5,000 деца коишто се лесно, умерено или тешко хендикепирани. Исто така, еден голем дел од тие средства ќе оди на фамилии коишто згрижуваат деца. Има уште многу такви програми каде што ќе се обидеме дел од овие средства да ги распоредеме, каде што тие ќе решаваат вистински социјални проблеми, на социјални групи.

Каква е релацијата со невладиниот сектор?

Невладиниот сектор ќе се вклучи исто така од септември во еден друг домен. За него е предвиден еден друг вид аранжмани, којшто е многу присутен и популарен и во земјите на ЕУ. Тоа е еден систем на посредно финансирање на тие невладини организации од буџетот. Што се постигнува со ова? Се постигнува, да се внесува плурализам во трошењето на средствата. Оттаму, овој систем на финансирање по пат на програми е многу попрактичен и она што го покажуваат европските искуства е дека со истата маса на пари се постихнуваат многу поголеми ефекти.
XS
SM
MD
LG