Церемонијата на потпишување во Атина е значаен настан за најголемото проширување на Европската Унија во нејзината четириесет и шест годишна историја, вели Јоргос Папандреу, министер за надворешни работи на Грција – земја која е актуелен претседавач на Унијата. Според него, спогодбите за влегување на десете нови членки претставуваат договор меѓу народите, а не договор меѓу нивните држави. Ова проширување што и формално треба да се оствари догодина, велат во Унијата, не е конечно, туку претставува нов почеток, особено за земјите од југоисточна Европа. Во наредните години ние мораме да го интегрираме тој регион во Европската Унија, наведува шефот на грчката дипломатија Папандреу. Но, покрај согласноста на сегашните членки за потребата од проширување на Европската Унија, евролидерите на самитот во Атина со тежината на нивните несогласувања околу ирачката војна. Поделбите се големи, сметаат аналитичарите, особено меѓу Франција, чиј претседател Жак Ширак работеше да ја блокира резолуцијата со која ќе се дозволеше употреба на сила врз Ирак и - Британија чиј премиер Тони Блер е главен сојузник на Соединетите Држави. Експертите додаваат дека ваквата состојба ги разнесе претходно планираните дискусии на атинскиот самит за тоа колку Европа е силна во светот. Тие затоа очекуваат британскиот премиер Тони Блер да посредува меѓу американските и намерите на некои членки на Унијата, а со цел повторно затоплување на нивните односи.
„Се надевам дека Соединетите Држави нема да прифатат казнен приод. Доколку Буш сака да ги реши старите проблеми околу Ирак, тоа не може да го стори со натамошни поделби. Мислам дека клучните европски сојузници имаа желба да се обидат да ги обноват односите, но иницијативата за тоа треба да дојде од Вашингтон.“
Вели Тед Карпентер – од вашингтонскиот Като институт. Со ваквото мислење не се согласува Леон Фурт
„Не сум сигурен дека великодушноста е она што е потребно во овој случај. Би требало да има доза на реалност и на последици.“
Вели Фурт кој додава дека затоа ќе биде важно да се види натамошното однесување на Франција во Советот за безбедност на Обединетите Нации во однос на Ирак.
„Ако тие ја продолжат позицијата тогаш организацијата ќе остане парализирана. Одговорноста за тоа ќе биде во Париз, не во Вашингтон.“
Фурт сепак верува дека е можно двете страни да изнајдат компромис.