Очигледно е дека станува збор за класичен терористички чин и политичко насилство без оглед дали мотивите се од криминална или од политичка природа и македонската влада се надева дека извршителите и нарачителите ќе бидат брзо пронајдени, вели во реакцијата на веста за атентатот врз српскиор премиер Ѓинѓиќ, портпаролот на македонската влада Сашо Чолаковски
„Генерално Ѓинѓиќ беше политичка фигура што беше персонификација и носител на реформите во Србија, човекот кој отвори широк фронт против организираниот криминал итн. Ова е сериозна политичка ситуација и од гледна точка што во моментот Србија нема претседател, а премиерот стана жртва на атентат. Ова е чин за секаква осуда. Очигледно дека станува збор за класичен терористички чин, политичко насилство без оглед на тоа кои се мотивите, односно дали станува збор за политички или криминално мотивиран атентат и владата на Македонија се надева дека ќе бидат фатени и ќе се откријат мотивите и нарачателите.“
Во сличен тон е и реакцијата на поранешниот македонски амбасадор во Белград Славко Милосавлевски. Атентатот врз Ѓинѓиќ е напад врз реформите, вели Милосавлевски и додава:
„Мислам дека тоа е ужасна работа. Доаѓа од анти реформски и анти европски кругови. Ѓинѓиќ беше еден жесток, запален реформист. Сакаше што побргу да ја доведе Србија во зона на реформи. Тој беше одлучен реформист и направи прилично за ова кратко време во правец на реформите во Србија.“