Достапни линкови

Проширување на ингеренциите и за заштита на начелата на недискриминација


Народниот правобранител освен што ќе се грижи за основните човекови права и слободи загарантирани со Уставот, согласно со предлог законот за оваа институција ке треба да се грижи и за заштита на начелата на недискриминација и праведна и соодветна застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, изјави магистер Ана Павловска од Правниот факултет во контекст на предлог законот за народен правобранител:

„Значи му се пружаат надлежности да ги контролира органите на локалната самоуправа, но само во поглед на заштита на недискриминацијата. Уште во вториот член се прави позитивна дискриминација на граѓаните.“

Во согласност со ова Павловска објаснува:

„Ако сум јас претставник на мнозинската заедница и сметам дека ми е нанесена неправда при вработување во државен орган, имам право на преставка. Ако ми се повредени правата во локалната самоуправа немам право да пишувам преставка. Ако ми се повредени правата како претставник на малцинксите заедници тогаш ќе имам право да поднесам преставка до него.“

Народниот правобранител Бранко Наумовски за оваа нова надлежност вели

„Практично ова значи дека народниот праворабнител сега ќе води сметка и за правичната застапеност на органите во локалната самоуправа и тоа значи дека треба да се обмисли како и на кој начин тоа ќе го прави. Верувам дека законите што дополнително треба да се донесат ќе го решат ова прашање.“

Инаку потребата од донесување на нов закон за народниот правобранител произлегува од рамковниот договор кој предвидува зголемени надлежности за оваа институција во делот на заштитата на начелата на недискриминација и праведна застапеност на заедниците во јавните органи на сите нивоа. Предвидено е народниот правобранител да се избира со таканареченото бадентерово мнозинство. Значи правобранителот ке се избира со мнозинство од вкупниот број пратеници во чии рамки мора да има и мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници кои припагаат на заедниците кои не се мнозинско население.
XS
SM
MD
LG