Милан Милутиновиќ беше еден од најблиските соработници на Слободан Милошевиќ. Тој ги отфрли обвинувањата дека како претседател на Србија од први јануари до дваесети јуни 1999 година учествувал во како што се наведува заедничкиот злосторнички потфат за протерување значаен дел од косовските албанци од покраината во обид да се обезбеди трајна српска контрола врз Косово. Милутиновиќ неодамна изјави дека не сноси никаква одговорност затоа што како српски претседател немал влијание врз однесувањето на армиските сили.
Во врска со неговата одлука да се предаде српскиот премиер Зоарн Џинџиќ изјави.
„Милутиновиќ оди во Хаг доброволно. Тој доби гаранции. Барав од обвинителството неговото сегашно појавување да биде третирано како благовремено, со што му се дава правото да се брани од слобода. Тие се согласија со тоа. се друго е работа на Хаг и на господинот Милутиновиќ.“
реќе премиерот Џинџиќ. Властите во Белград од своја страна дадоа гарнции дека Милутиновиќ ќе учествува на судењето и оти целосно ќе соработува.
„Републичката и сојузната влада ќе ги издадат тие гаранции со кои, по одредената постапка, ќе му се овозможи да се брани од слобода.“
објаснува југословенскиот премиер Драгиша Пешиќ. Претсавници на Хашкиот трибунал одбиваат да ги коментираат деталите на договорот за предавањето на Милутиновиќ. засега не е официјално соопштено кога тој ќе се појави пред судијата за да се изјасни за обвинувањата, но се очекува тоа да се случи до крајот на оваа недела.