Договорот со ММФ и светската банка е јасен, владата до крајот на 2003 година ќе мора да го реши статусот на овие компании и луѓето вработени во нив. Повлекувањето на ФЕСАЛ ангажманот но и договорот со ССМ ја обврзуваат владата крајно сериозно да пристапи кон решавањето на проблемот.
„Досегашната влада имала нестандарден однос кон овој проблем. Првиот дел е што во почетокот оделе на продавање на титуларите преку продажба, додека на половина мандат сосема ја менуваат политиката и отишле на ликвидација на претпријатијата и сега имаме еден огромен број во тие 24 претпријатија коишто се ликвидирани, што треба да се продадат како имот“
вели министерот за економија Илија Филиповски.
Што и како со работниците на овие фирми е дополнителен проблем за владата на кои и покрај противењето на ММФ и Светската банка даде ветување дека ќе најде решение. Станува збор за околу 7.000 работници со над 25 години работен стаж, чиј статус би се решил со изгласување на закон за загубарите, а чие донесување сеуште виси во воздух. По завршувањето на преговорите и потпишувањето на договорот со ММФ, според најавите до крајот на јануари ќе биде познато дали ќе се донесе овој закон или владата како што вети во преговорите со ССМ ќе најде алтернативно решение за овие работници.
„Од наша страна имаме настојување да се реши тој проблем, но од другата страна имаме оспорување на истиот. Ќе видиме како ќе успееме со аргументи да ги убедиме овие меѓународни финансиски институции да го направиме тоа. Така што во овој момент многу е тешко да се даде оценка дали во тоа ќе се успее или не,“
вели Филиповски.
Најавата од ММФ и Светската Банка останува, доколку Македонија инсистира на потпишување на аранжман и влечење на втората и третата транша од фесал аранжманот во висина од 40 милиони долари, решавањето на проблемот со фирмите загубари мора да биде во зацртаниот временски период. Тоа значи, преостанатите 24 фирми загубари до крајот на годината или ќе мора да се продадат или ликвидираат, а владата не смее да исплаќа исплатнини на работниците кои ќе останат без работа, туку нивниот статус треба да се решава преку изготвување социјални програми преку кои ќе се отвораат нови работни места.