Достапни линкови

Претседателот Трајковски иницира регионална соработка


Претседателот Борис Трајковски иницира јакнење на регионалната соработка, што ќе придонесе за стабилност и побрзо зачленување на овие земји во НАТО алијансата. Во тој контекст, шефот на државава:

„Покрена иницијатива на трилатерална средба меѓу претседателите на Република Македонија, Република Албанија и Република Хрватска. Знаете дека ова се три земји од регионот, аспиранти и кандидати за членство. Претседателот смета дека е потребно преку една ваква средба да се даде импулс од највисоко ниво за регионалната соработка која според претседателот е неопходна како за стабилноста на регионот, така и за интензивирање на процесот на приклучување на овие земји во евро атлантските структури,“

изјави Борјан Јовановски портпарол во кабинетот на претседателот.

Пред претстојниот самит на НАТО во Прага претседателот ќе се сретне само со претседателот на Албанија Алфред Мојсиу во Охрид. За најавите дека тројцата претседатели Трајковски, Месиќ и Мојсију во Прага ќе се сретнат со американскиот претседател Џорџ Буш Јовановски вели:

„Средба на тројцата претседатели со американскиот претседател Џорџ Буш во рамките на самитот на НАТО во Прага не е исклучена, но во овој момент такво нешто не можам да потврдам.“

Инаку, Македонија, Хрватска и Албанија се земји членки на „Партнерството за мир“ кои на претстојниот самит на НАТО нема да бидат поканети за членство во алијансата.
XS
SM
MD
LG