Според сеуште неконечните резултати од исходот од неделното гласање како што соопшти портопаролот на ДИК Зоран Таневски:
„Коалицијата „За“ 60, ВМРО-ДПМНЕ и ЛП 33, ДУИ 16, ДПА 7, ПДП 2, НДП 1 и СПМ 1.“
Причина за што се одолговлекува со соопштувањето на конечните резултати според Таневски се разгледувањето на одредени приговори кои се пристигнати преку регионалните избони комисии како и притисокот од страна на МВР бидејќи се тврди дека се отпечатени поголем број гласачки ливчиња, односно дека е направен фалсиикат:
„Ги отфрламе сите инсинуации дека се отпечатени поголем број гласачки ливчиња или дека е направен некаков фалсификат. Припадниците на МВР со нас не воделе никакви информативни разговори, но се чувствува притисок за прифаќање разговор со високи функционери од ова министерство. Таква средба не се одбива, но одзема време од работата на комисијата и може да предизвика одлагање на постапката и пробивање на роковите пропишани со законот за избор на пратеници и да предизвика на време да не бидат објавени оицијалните резултати. Со ова јавно обраќање сакаме да ги спречиме таквите намери и обиди. Бараме само да бидеме оставени на мира да си ја завршиме започнатата работа за која од домашните и од меѓународните фактори добивме признанија.“
Сепак од ДИК велат дека ќе се запази рокот за објавување на официјалните резултати кој истекува на полноќ.